Почна аплицирањето за финанскиска поддршка за произведено и предадено грозје

06.11.2018 11:35:00


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува производителите на грозје, дека од денеска започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведено и продадено грозје од сортите вранец и смедеревка во регистриран капацитет за производство на вино во Република Македонија.

Финансиска поддршка од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје од сортите вранец и смедервка, го предале на регистриран капацитет на вино во Република Македонија.

Земјоделците кои ги исполнуваат условите барањата може да ги поднесуваат по електронски пат во Подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 25- ти декември  годинава. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од страна на регистриран капацитет за производство на вино.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици