Македонските вина на промоција во Сингапур, се отвораат нови пазари за извоз

26.10.2018 13:49:00


Со звуците на македонскиот кавал, под слоганот „Богатство од стариот свет“ денеска и во следните два дена, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Сингапур се промовираат македонските вина. На манифестацијата специјално наменета за промоција на македонските вина, посетителите ќе може да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.

На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за промоција и зголемување на извозот на македонското вино.

Претставници на МЗШВ, во април годинава имаа работна средба со економски тим од Сингапур, на кој се се дискутираше за конкретни активности за зголемување на трговската соработка помеѓу Република Македонија и Сингапур. Една од темите беше и пробивање на македонското вино на Сингапурскиот пазар, а прв чекор од дефинираните активности беше организација на ваков настан. Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во  Програмата за руралниот развој,  за Мерката за поддршка на саемски манифестации годинава издвои 550.000 евра, а следната година оваа сума е планирано да се зголеми.  МЗШВ ќе продолжи и понатаму со конкретни активности за пронаоѓање на нови пазари за македонските земјоделски производи и вина.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици