Јавен Повик бр. 3/ЗАМ/2018 за пријавување интерес за формирање на земјоделски задруги Техничка поддршка – прва фаза

30.08.2018 16:11:00


Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на Повикот за пријавување на групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга. Генерална цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфична цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка на соработка меѓу земјоделците за формирање на нови земјоделски задруги. Право на учество имаат групи на земјоделски стопанства кои имаат интерес да формираат земјоделска задруга.

Рок за доставување на пријавите е 30.10.2018 г. до 16:00 часот. Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги преземете во документите дадени во прилог.

Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 3/ЗАМ/2018“. Оваа постапка за избор се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонска развојна фондација за претпријатија.

Документи за превземање

Информација
Јавен Повик
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици