Исплатени се вкупно 558.707.883,00 милиони денари како поддршка за производителите на јаболка, оризова арпа и грозје!!!

30.12.2021 16:30:00


Врз основа на двете законски решенија усвоени на 122-та седница на Владата на Република Северна Македонија:  „Предлог-закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи“ и „Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија“, исплатени се 558.707.883,00 милиони денари како поддршка за производителите на јаболка, ориз и грозје.

 

Финансиската поддршка за намалување на последиците, се состои од:

  • Поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи за преработка или за извоз најмалку преку еден откупувач, во висина од 3 денари по килограм.

По таа основа, исплатени се 188.207.057,00 милиони денари за производителите на јаболка.

 

  • Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.

По таа основа, исплатени се 61.056.909,00 милиони денари за оризопроизводителите.

 

  • Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.

По таа основа, исплатени се 309.443.917,00 милиони денари за производителите на грозје.

 

Со оваа исплата, Владата го исполни ветувањето дека средствата ќе бидат исплатени до крајот на оваа година.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум