Се одржа првиот работен состанок на Заедничкиот Комитет за шумарство, во рамки на Меморандумот на Разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на шумарството

16.12.2021 11:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминативе неколку дена беше домаќин на турски експертски тим, од областа на шумарството. Беше одржан првиот работен состанок на Заедничкиот Комитет за шумарство, во рамки на Меморандумот на Разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на шумарството, потпишан во јануари 2021 година.

 

Во текот на работните состаноци, експертските тимови ги разгледуваа главните теми за соработка во областа на шумарството кои се од значење за двете земји. Согласно извршените анализи договорено е да се започнат активности за соработка во областа на размена на искуства за одржливо управување со шумите, борба против шумски пожари, пошумувања, борба против ерозија, заштита на почвата, екотуризам и подготовка на заеднички проекти во доменот на шумарството.

 

Членовите на Заедничкиот Комитет за шумарство одржаа работен состанок со претставници од ЈП Национални шуми - Скопје, а исто така беше одржана средба со претставници на подрачните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Беровско-Пехчевскиот регион. На средбите се дискутираа главните проблеми со кои се соочува шумарството во нашата држава. Истотака се оствари теренски увид на површините кои беа зафатени од шумските пожари во Источна Македонија во 2021 година.

 

Соработката со експертите од доменот на шумарството од Република Турција е од особено значење за Република Северна Македонија и претставува натамошно унапредување на соработката меѓу двете пријателски држави.

Share