С О О П Ш Т Е Н И Е за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценка на тутун

17.09.2021 11:00:00


Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 04 Октомври 2021 година.

            Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите пред полагање на испитот треба да посетат обука која ќе се оддржи во Научен Институт за тутун Прилеп во период од 18 до 22 Октомври 2021 година во зависност од пријавените кандидати и согласно протоколите за КОВИД 19.

 

Полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во период од 25 до 29 Октомври 2021 година во зависност од пријавените кандидати и согласно протоколите за КОВИД 19, во Научен Институт за тутун Прилеп во 11 часот.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.

  

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на нбеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи: 

 

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:

          -диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

 

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

                      -потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

                               *високо образование со две години работен стаж,

                               *вишо образование со три години работен стаж,

                               *средно образование со четири години работен стаж.

 

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование. 

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование ( 4 години).

 

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 04.10.2021 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Аминта Трети" бр.2, 1000 Скопје.

 

БАРАЊЕ ЗА

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА НЕОБРАБОТЕН ТУТУН

Име и презиме

 

ЕМБГ

 

Адреса на живеење

 

Општина

 

Контакт телефон

 

Меил адреса

 

 

Документи кои подносителот треба да ги приложи кон барањето:

 

(Кандидатите со соодветно образование ја доставуваат документацијата под реден број 1 и 4, а кандидатите со несоодветно образование под реден број 2 и 4 или под 3 и 4,  да се заокружи доставеното)

 

  1. а) Заверена копија од уверение/диплома за завршено високо или вишо образование или

б) сведителство/диплома за завршено средно образование;

 

  1. а) Договори за производство и откуп на тутун или

б) Потврда од претпријатието со кое кандидатот склучувал договори за производство и откуп на тутун;

 

  1. а) Потврда од претпријатието за работно искуствово областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или

б)   М1/М2 Образец со податоци за работен стаж;

 

  1. Потврда за завршена обука за вршење на процена на тутун

 Датум:                                                                         Потпис на кандидатот:

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици