Прва билатерална средба на министерот Хоџа и амбасадотор на Република Аргентина Н.Е. Алфредо Атанасов

15.09.2021 12:30:00


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа прва средба со амбасадотор на Република Аргентина Н.Е. Алфредо Атанасов.

На средбата е разговарано за досегашната соработка и можностите за унапредување особено во делот на агросекторот.

Заеднички заклучок е дека нашите земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, договорено е во најскоро време да се  потпишат меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена особено на земјоделски и прехранбени производи.

Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја не го исполнува максималниот потенцијал и има капацитет за висок раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес.

Министерот Хоџа и амбасадорот Атансов се согласија дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.

Со заедничка иницијатива за продлабочување на соработката, ќе се формираат и работни групи од двете страни кои ќе направат детална анализа точно на кои земјоделски и прехранбени производи ќе се стави фокус за зголемување на трговската размена, бидејќи и двете земји имаат производство кое е извозно ориентирано, а пазарите се компатибилни. Целта е да го зголемиме и извозот и увозот и да работиме во интерес на двете земји.

Тоа е нашиот мотив да ја интензивираме соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум