Прва средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со лозари и винарници, заеднички за успешна претстојна година

03.02.2021 15:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во спортската сала “Борис Трајковски“ имаше прва средба со лозарите и претставници на винарниците пред почеток на сезоната со цел навремено информирање и заеднички активности за успешна година.

Како што вети министерот Хоџа, по завршувањето на целиот процес на исплаќање на финансиските средства за лозарите веднаш ја реализираше најавената средба.

 

“Минатата година ги исполнивме сите ветувања во врска со финансиската поддршка кон лозарите, ова денеска е прв состанок, а ќе следат и други. Денеска воспоставуваме дијалог помеѓу лозарите и винарниците во врска со тоа каква година сакаме да имаме. Се заложија сите винарници да дадат извештај за тоа колкава ќе биде нивната потреба за грозје оваа година и нивните сугестии за тоа како треба да се одржи грозјето за оваа година да имаме подобар квалитет и верувам дека веќе на следниот состанок ќе имаме конкретни чекори за тоа како постепено до успешна година.“- Изјави министерот Хоџа.

 

Ваквата  вклученост и партнерски однос на Министерството е решение за добри и позитивни резултати . Продолжуваме заеднички да се соочуваме со сите предизвици преку постојано комуницирање и одржување на конструктивни средби.

 

Share