Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите договорија зајакнување на динамиката за завршување на откупот во законскиот рок со цел спасување на овогодинешната реколта

04.01.2021 18:10:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари повторно ги разгледаа можностите за излегување во пресрет на барањата на производителите на тутун за да се оствари успешна завршница на годинешната реколта и повисока просечна цена на тутунот на ниво на целата држава.

 

Министерот Хоџа истакна дека е потребно зајакнување на динамиката на откупот на тутунот, со цел да се заврши откупот на реколтата во законскиот рок.

 

Истовремено беше изразена волја Владата да вложи максимални напори за достигнување на просечната цена на тутунот во висина од 180 денари и ќе преземе мерки тоа и реално да се оствари.

 

Според министерот Хоџа, во оваа фаза е потребно да се интензивираат комуникациите и напорите, откупувачите на тутун да останат на ветеното за исполнување на обврската за откупување на вишокот на тутун и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории на тутун.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици