Исплатени субвенциите за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности

24.12.2020 13:50:00


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.864 лица исплати 88.108,31500 денари, субвенциии за вршење на земјоделска дејност во подрачја со  ограничени можности.

Станува збор за исплата на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ. Средствата се обезбедени  од Програмата за рурален развој. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства  кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри.

Агенцијата, како и досега  ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Земјоделството е наша шанса, Владата, Министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми кои го развиваат агро – секторот.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици