Исплатени 152 милиони денари за субвенции за втора фаза произведено и предадено млеко

24.11.2020 12:32:00


Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено  овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.  Средствата од оваа  мерка, се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.

Преку мерките од  програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со „ковид 19“ уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна. Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација,  со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи но и за извоз.

 

Агенцијата, Владата и министерството ќе продолжат со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски се стекнале со право за добивање на финансиска  поддршка во земјоделството.

 

Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици