Средба со Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија Н.Е. Милан Предан

20.11.2020 14:30:00


Република Словенија е исклучително важен партнер на нашата земја која има обезбедено значајна поддршка за апроксимација на законодавството со ЕУ, во областа на земјоделството и руралниот развој и за јакнење на административниот капацитет на МЗШВ, Платежната агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и локалните власти.

На средбата со амбасадорот дискутиравме за приоритетните области за поддршка што ќе бидат дел од новиот Акциски план 2021 – 2024 година, во чии рамки Словенија ќе обезбеди билатерална  помош  на нашата земја, во земјоделството со посебен акцент на руралниот развој каде Словенија има големо искуство и знаење. Диверзификација на руралните активности, агротуризам, поддршка за младите земјоделци, програмирање на мерки во програмата за рурален развој, спорведување на ИПАРД мерките, поддршка на локалните акциски групи и ЛИДЕР пристапот, се само дел од активностите за кои се разговараше на средбата.

 

Република Северна Македонија останува приоритетна земја за Словенија за билатерална развојна помош, а ова е особено важно од аспект на пртстојното претседавање на Словенија со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици