Средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин

22.10.2020 15:30:00


Руската Федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а заложбите на двете пријателски земји се насочени кон негување на меѓусебните односи и унапредување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи. Извозот во Руската Федерација бележи континуиран  пораст што и во услови на пандемија предизвикана од COVID-19 го задржа истиот тренд.

Министерот Хоџа потенцираше дека рускиот пазар е многу значаен за нашите фирми кои извезуваат свежо и преработено овошје и зеленчук, како и за винариите и во таа насока, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе излезе во пресрет на нивните барања  за продолжување на поддршката за промоција на нивните производи и организирање бизнис средби меѓу заинтересираните фирми од двете земји.

Во рамки на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Русија и Северна Македонија, земјоделството е важно поглавје, во кое се утврдени сите механизми на соработка и таа ќе продолжи со интензивна работа во наредниот период.

Амбасадорот Баздникин, најави дека ќе биде реализирана посета од страна на руските ветеринарни инспекциски служби на извозните објекти од млечната индустрија , со цел да добијат дозвола за извоз на рускиот пазар.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици