Заедничка апликација на ФАО и MammalNet помага во откривање на Африканска свинска чума кај дивите свињи

26.08.2020 12:58:00


26 август 2020 година, Будимпешта, Унгарија - Африканската свинска чума може да се прошири низ неколку рути, вклучително и преку природното движење на дивите свињи. Вирусот е подеднакво смртоносен и за домашните и за дивите свињи. Затоа, тестирањето на угинати диви свињи за присуство на вирусот африканска свинска чума е најсигурен начин за рано откривање (и реагирање на) болеста кај овие популации. Животното многу веројатно ќе умре за неколку дена откако ќе се зарази, така што, доколку се пријави навреме, трупот на дивата свиња може да биде уништен или правилно да се отстрани за да се намали понатамошната контаминација.

 

За таа цел, ФАО заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во нивната бесплатна мобилна апликација, iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи.

 

„По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да го пријави откритието на труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума“, изјави Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравје на животните. „Корисниците можат да ги пријават гео-координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот“.

 

Покрај новата функција, ФАО ја преведе апликацијата на македонски и српски јазик и ќе работи на олеснување на употребата на апликацијата од различни целни корисници на Балканот.

 

Иако ловџиите се главна целна група во откривање на диви свињи, пешачите, ренџерите и во основа секој кој ја посетува шумата може многу да придонесе за откривање на трупови на диви свињи. Колку повеќе луѓе пријавуваат угинати диви свињи, толку полесно надлежните ќе ја контролираат болеста.

 

Во Европа, африканската свинска чума постепено се шири почнувајќи од Грузија, каде влезе во 2007 година, низ Централна Европа, каде навлезе во повеќето држави. Денес, болеста е веќе присутна на Балканот, при што Бугарија, Грција, Романија и Србија пријавуваат епидемии и се заканува нејзино проширување низ целиот Балкански регион. Смртоносната болест носи  огромни економски трошоци и значителни нарушувања на трговијата, сериозно влијае на руралната егзистенција, доколку не се открие навреме.

 

„Може да биде предизвик да се пронајдат трупови од диви свињи во шумите, но, како што се докажа во неколку земји, тоа не е невозможно ако свеста и стимулациите се исправни“, изјави Даниел Белтран-Алкрудо, ФАО експерт за здравје кај животните.

 

Апликацијата е достапна и на Android и на iOS.

ЛИНКОВИ:

MammalNet

Експерти ги здружуваат силите за да спречат африканска свинска чума да влезе на Балканот

ФАО лансира онлајн курс за Африканска свинска чума за Европа

ФАО обучува преку Интернет 350 ветеринари од Балканот за подготвеност на африканска свинска чума

 

Документи:

 

Африканска свинска чума: Откривање и дијагноза (на македонски јазик)

http://www.fao.org/3/i7228mk/i7228mk.pdf

Африканска свинска чума: Откривање и дијагноза (на албански јазик)

http://www.fao.org/3/i7228sq/I7228SQ.pdf

Африканска свинска чума: Откривање и дијагноза (на англиски јазик)

http://www.fao.org/3/a-i7228e.pdf

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици