Министерот Димковски ги повика винариите да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, да се цени трудот на земјоделецот

13.08.2020 19:00:00


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во Кавадарци, оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,  градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

На состанокот се разговараше за екстремно ниската откупна цена на грозјето на една од винариите која деновиве беше објавена на социјалните медиуми. Грозјето од годинешната реколта е произведено со висок квалитет и големи приноси благодарение на поволните климатски услови кои оваа година им беа наклонети на лозарите. Следствено на тоа очекувавме висока откупна цена и откуп на целокупната произведена количина. 

Не смее да има никакви злоупотреби и уцени кон земјоделците од страна на било која винарија. Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. Целта на денешниот состанок е,не само на винаријата која објави екстремно ниски откупни цени на грозјето, туку и на сите други винарски визби кои вршат откуп, да им се укаже дека треба да формираат прифатливи откупни цени кои ќе бидат достојни за трудот на земјоделецот.

Од овој состанок произлезе и записник според кој :

-Се предлага до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

-Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата.

-Заради нарушување на домашниот пазар на вино  намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата,  винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата.

-МЗШВ да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

Заложбите на МЗШВ секогаш се во правец да им се обезбедат подобри услови на сите земјоделци бидејќи нашиот однос кон нив е секогаш партнерски и секогаш со почит. Очекуваме и винариите така да се однесуваат и дека тие ќе формираат прифатлива цена за откуп на грозјето од овогодинешната реколта.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици