Косово целосно ги укина зголемените царини за македонските земјоделски производи

31.07.2018 17:00:00


Владата на Република Косово на денешната владина седница целосно ги укина дополнителните царини за увоз на земјоделски производи од Македонија. Одлуката стапува на сила веќе од утре, со оваа одлука  целосно престанува да важи зголемената царина од 30 насто, мерка што Приштина ја донесе на 18- ти месецов. Домашните земјоделски производи без застој повторно ќе се извезуваат на косовскиот пазар. Преговорите кои Владата на Република Македонија и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод. Само со дијалог и правилни одлуки може да се решат сите проблеми. Македонија тргна по евроинтеграцискиот пат од кои бенефит треба да имаат сите граѓани. Косово за Македонија е сериозен трговски партнер, со голем суфицит во нашата трговска размена, токму затоа  длабински, темелно пристапивме на решавање на состојбата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици