Уште една успешна интервенција на УХМР за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците

07.06.2020 14:00:00


Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден (06.06.2020 година) беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони.

 

Претходно, Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, на 20 ти минатиот месец, ја имаше првата успешна интервенција за спречување на појава на град со помош на новата метода за засејување на облаците. Тогаш, беше извршено дејство врз градоносни облаци со авионско засејување во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка и во  регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. УХМР и Аероклуб Скопје, изминатиов период извршија неколку успешни интервенции за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците.

 

Оваа нова метода за заштита од временски непогоди (град) за првпат од годинава започна да се применува и во Република Северна Македонија. Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем на заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди, и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојува за за исплата на обештетувања.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици