ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2020 година

07.05.2020 10:00:00


I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на мерките од Дел V и VI од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година и тоа:

1) Пилот проекти за развојни, истражувачки и апликативни пилот проекти особено наменети за:

- зголемување на производството на риба,

- заштита на рибите и животната средина,

- развој на риболовниот туризам и

- за истражување на пазарот и маркетинг на риби и производи од риби.

2)  Развој на нови пазари и промотивни кампањи за:

- организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари.

 

II.         ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик за точка 1 - Пилот проекти имаат овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура.

Доколку истражувачките и апликативните пилот проекти ги реализират рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура,  задолжително содржат соодветна научна верификација.

Резултатите од пилот проектите задолжително се публикуваат во технички извештаи достапни за јавноста.

По завршување на пилот проектот, до министерството, задолжително се доставува финансиски извештај за реализираните средства за изведба на пилот проектот.

Право на учество на јавниот повик за точка 2 - Развој на нови пазари и промотивни кампањи имаат рибарски и риболовни здруженија, овластени установи од областа на рибарството и други научни и/или образовни установи и организации на произведители запишани во Регистарот на организации на произведители кој се води во Министерството за реализација на активности.

III.        УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

-           потврда за регистрирана дејност (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-      тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              Информација за економско - финансиска состојба  на субјектот  или извештај за биланс на состојба за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад

-              потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

 

IV. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на јавниот повик вклучувајќи го и денот на објавување. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

V. ИЗНОС  НА СРЕДСТВА И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊА

Максималниот износ на средства предвиден за точка 1 - Пилот проекти од дел I на овој јавен повик изнесува 2 000.000,00 (еден милон) денари. Вкупната вредност на одобрен пилот проект по поединечен корисник изнесува најмногу 400.000,00 (четиристотини илјади) денари во зависност од техничките потреби за реализација на проектот.

Доколу на повикот се доставени повеќе проекти кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел V од Јавниот повик, предност при одобрување на проектите и висината на средствата за реализација на истите ќе имаат развојните и апликативните проекти, за кои ќе се цени дека со добиените резултати ќе можат во пократок временски рок да се стават во практична примена за развој во областа на рибарството и аквакултурата.

Максималниот износ на средства предвиден за точка 2 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи од дел I на овој јавен повик изнесува 500.000,00 (петстотини илјади) денари.

Доколу на повикот се доставени повеќе барања за организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари, кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел VI од јавниот повик, предност при одобрување на барањата и висината на средствата по барање ќе се одредуваат во зависност од големината и важноста на настанот.

 

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањето од дел I точка 1 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Кон барањето се дoставува пилот проектот со наведени активности и очекувани резултати и преглед на потребни финансиски средства за реализација на активностите. 

Барањето од дел I точка 2 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Кон барањето се дoставува програма за организација и/или учество на предвидениот настан со време на одржување на настанот, број на учесници, агенда, предвидени активности и потребни финансиски средства за реализација на активностите. 

Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа “за јавен повик  за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки“.

Доколку еден субјект конкурира со повеќе барања по одделните точки од Јавниот повик, секое барање треба да е доставено на посебен образец и да ги содржи сите барани податоци наведени во овој Јавен повик.

Барањата кои нема да ги содржат податоцити наведени во овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Образецот на барањето може да се подигне во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или да се преземе од web страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тел:   ++ 389 2 3 144 477

 

VI. СПРОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА

Постапката за Јавниот повик за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2020 година ќе ја спроведува комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Постапката за избор ќе се спроведе и доколку на повикот има доставено само едно барање за реализација по одделните мерки (дел V и VI) од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2020 година.

Документи за превземање

Образец
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици