Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза III - Катастарски премер и техничка документација за земјоделска инфраструктура во Егри

04.05.2020 15:00:00


Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2020/CSAPC/REUDD/105169) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза III - Катастарски премер и техничка документација за земјоделска инфраструктура во Егри”. 

 

Активностите што ќе треба да се извршат во рамки на овој тендер вклучуваат: подготовка на катастарски премер (геодетски елаборат за консолидација на земјиште) како основа за регистрација на новата сопственичка ситуација во согласност со усвоениот План за распределба на земјиштето во Егри (Општина Битола), изготвување на техничка документација за рехабилитација / изградба на земјоделска инфраструктура, вклучително и добивање градежни дозволи во согласност со националната правна рамка и утврдување на мери и граници (околчување) на новите катастарски парцели во консолидационата област.

 

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

 

За да можат да пристапат до тендерските документи и да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за Глобален Пазар - United Nations Global Marketplace Portal (УНГМ-UNGM) на: https://www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании имаат право да учествуваат.  После успешна регистрација  компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал  (https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

 Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 8 јуни (понеделник) 2020 година до 08:30 часот.

Дополнителни информации

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=927

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици