Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

23.03.2020 11:00:00


На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

Во документот кој е во прилог се наоѓаат правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци

Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

1.Право на движење има само еден (1) член на земјоделско стопанство;

2.Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се издава согласност за лице постаро од 67 години;

3.Барањата се доставуваат по телефон или на е-маил преку подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

4. Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

5. Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

6. Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

7.Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

8.Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

9. Сите дополнувања во текот на неделата се соважност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

10.Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесило податоците од ПЕ;

11. Во табелата мора да се наведе email адреса од земјоделец (или маил до кој има пристап) бидејќи системот генерира дозвола за движење и истата ја испраќа до емаилот што го оставил земјоделецот. Во случај да земјоделецот нема емаил адреса ќе мора да ја оставите Вашата емаил адреса приватна или службена од ПЕ и дозволата да му ја испринтате и дадете на земјоделецот.

Документи за превземање

Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани/земјоделци
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици