Повик за ангажирање на 2-ца консултанти за спроведување на обуки на тема „Загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина“

06.03.2020 12:00:00


Македонската асоцијација на земјоделски задруги - МАЗЗ, ве поканува да учествувате на Повикот за ангажирање на 2 (два) консултанти  за спроведување на вкупно обуки на тема: Загадувањето   од пестициди  во  земјоделството и заштитата на животната средина. Повикот се спроведува во рамките на проектот Бизнис План 2019-2020, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МАЗЗ.

Понудата треба да содржи:

1.      Професионална биографија

2.      Портфолио со организации за кои се  спроведени исти или слични активности;

3.      Предлог Методологија за планираните обуки;

4.      Финансиска понуда која треба да биде изразена во вкупен бруто износ во македонски денари со вклучен персонален данок на доход (дневница плус патни трошоци).

 

Изборот на најповолен понудувач (консултант) ќе биде направен според принципот најдобра понуда наспроти квалитет. Критериумите за квалитет го вклучуваат искуството на претходните проекти на понудувачите.

Рокот за доставување на понудите е најдоцна до 13.03.2020 година (петок), до 12:00 часот на електронската пошта [email protected].

Лицата кои аплицирале ќе бидат известени за резултатите од Повикот, по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор.

Документи за превземање

Повик за ангажирање на 2-ца консултанти за спроведување на обуки на тема „Загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина“
Share