Новости

Прва средба на министерот Цветков со поголемите винарските визби
Дата на објава: 
8 Август 2014
vinarii.jpg

На првата средба со министерот Михаил Цветков, поголем дел од  винарските визби информираа дека се подготвени за откуп на винското грозје, но дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на грозјето.

Според нив, оваа ќе биде тешка година и за лозарите и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од ефтиното шпанско вино.Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се најдат оптималните решенија кои ќе одговараат и на производителите и на преработувачите.


Посета на министерот Цветков на Ресен
Дата на објава: 
24 Јули 2014

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при денешната посета на Ресен констатира дека штетите направени од невремето што го зафати овој регион се големи и Владата ќе настојува да помогне.

Со временските непогоди, рече, не можеме да се справиме, но затоа мораме да се прилагодуваме кон климатските промени.

- Владата нуди големи поволности во делот на аграрот. Вие, како овоштари, треба да размислувате преку цела година, а не само кога ќе се случат вакви непогоди, кога јаболкото тешко ќе се продава. Ние стоиме на располагање да се разговара за секој проблем да најдеме решение. Нудиме субвенции за осигурување на родот. Тука се средствата на ИПАРД програмата, големи средства кои ако не се искористат пропаѓаат, истакна министерот Цветков.


Соопштение
Дата на објава: 
23 Јули 2014

Поради невремето кое се случи вчера во Ресен, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски изврши посета на терен и заедно со градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето. По извршениот увид заменикот министер Костадиновски и градоначалникот, Стрезовски одржаа состанок со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.

 

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за процена на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.

 


Средба на министерот Цветков со вршителот на должност амбасадор на Кралството Холандија Верхеен
Дата на објава: 
16 Јули 2014
P7160113.JPG

Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Кралството Холандија и  во делот на земјоделството, но и нејзино зајакнување - договорија денеска на првата официјална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и вршителот на должност амбасадор Питер Верхеен.

Министерот Цветков и ВД амбасадорот Верхеен контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и дополнително да с интезивира.


Соопштение
Дата на објава: 
9 Јули 2014
 2.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и Државниот секретар Бесир Јашари денеска во министерството за земјоделство се сретнаа со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и градоначалникот на  Куманово Зоран Дамјановски, како и пратениците во собранието на Р Македонија од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исмаили при што разговараа за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. На состанокот присутните се договорија за цена на водата од 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ, која беше прифатлива за двете страни и се постигна со посредство на министерот Цветков. Со овој договор всушност се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. Исто така присутните се договорија со помош на програмите на министерството за земјоделство да се извршат зафати на хидро системот Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација на истиот.


Syndicate content