Заштити ја шумата од пожари

„Зајакнување на подготвеноста за шумски пожари"


Во јули и август 2007 година, Република Македонија беше зафатена од бројни пожари кои ги опфатија шумите и другите видови на вегетација, на површина која надминува 50 000 ха. До крајот на јули 2007 година, штетите од зафатените подрачја, како и трошоците за гаснење достигнаа 21 милион евра. Сите шумски пожари беа последица на човечки активности, пр: палење на земјоделски површини, негрижа при палење оган, а во некои случаи и сомнеж за подметнат пожар. Екстремно сувите, топли и често ветровити временски услови кои доминираат за време на сезоната на пожари, создаде екстремни ситуации во кои гаснењето беше невозможно. Неповолноста на ситуација е зголемена како последица на руралната депопулација.

 

Проектот „Зајакнување на подготвеноста за шумски пожари“ цели да го зајакне националниот капацитет за ефективна, итна заштита и управување со шумски пожари, кои ќе имаат далекусежни ефекти на локалната заедница и на економијата на земјата. Ќе биде изградена инфраструктура за координирање на стратегии за управување со шумски пожари во рамките на постоечните структури, вклучувајќи и предвидување на шумски пожари, кое ќе резултира со подобрување на заштитата и производството на шумите. Помошта цели да ја развие превенцијата, мониторингот, детекцијата, гаснењето на шумските пожари, јавното учество и образованието; и информативниот систем за шумски пожари.

 

Проектот ги оценува постоечките системи за превенција и контрола на шумски пожари, ќе предложи соодветна промена во политиката на употреба на земјиштето и управувањето со пожарите, и да се подобри текот на информациите за ризик од пожари. Исто така ќе помогне во развојот на институционална рамка за ефективно управување со шумските пожари, преку ефективен механизам за вклучување на јавноста; ќе подготви обуки на главните чинители за сите аспекти на управувањето на шумските пожари; ќе спроведе национална кампања за подигнување на јавната свест и ќе подготви Национален план за управување со шумски пожари.

 

Како резултат на проект, бројот на шумските пожари предизвикани од човечки фактор во ризични области ќе се намали; ќе се зголеми јавниот интерес и вклученост во превенцијата на шумските пожари; и ќе се подобри сигурноста и ефективноста при гаснењето на шумските пожари.


Национална кампања за заштита на шумите од пожари

 

Проект: Зајакнување на подготвеноста за шумски пожари, TCP/MCD/3201 (D)

 

Основна цел на Националната кампања за заштита од шумски пожари е да го намали бројот појави на шумски пожари од случаен, односно ненамерен карактер, каде предизвикувач е човекот.

 

Во тој поглед, како прва конкретна тема на Националната кампања за заштита од шумски пожари за 2011 година ќе биде обработено Образованието на младите во однос на заштита од шумски пожари, односно вклучувањето на заштитата на шумите од пожари во формалното и неформалното образование на младите. Печатењето на What scorching weather! (MKD: Изгор време) е публикација превземена од Генералниот Директорат за Животна Средина на Европската Комисија и е објавена на сите официјални јазици на Европската унија, додека преку активности на овој проект беа добиени сите права за превод на устата на македонски јазик. Превземи

 

Како лого за Национална кампања за заштита од шумски пожари земено е шумска птица со која луѓето ќе може да се поистоветат и да се поврзат, а преку тоа да се зголеми свеста за заштитата на шумите од пожари.

 

 

Бувот е птица која е позната по својата мудрост и живее во шумите. Живеалиштето на бувот е загрозено од шумски пожари. Симболиката во народните преданија како мудра птица, бувот може да ја понесе Кампањата во однос на народна мудрост дека шумите треба да се заштитат од пожари.

 

На логото, односно бувот доделено е и име: Бувот „Бубо“, кое потекнува од латинското име на бувот Bubo bubo. Преку името ќе може луѓето, децата пред се, да го персонифицираат и да се поистоветуваат со неговата намера за заштита на шумите од пожари.

 

Долгорочен план на Кампањата

 

-       Вклучување на образование за заштита на шумите од пожари во формалното и неформалното образование на младите;

-       Образување на посетителите на шумата за значењето на шумата и потребата од нејзина заштита од шумски пожари;

-       Подигање на јавната свест за штетноста од шумските пожари;

-       Подигање на јавната свест за опасноста од шумски пожари при практикување на отворено огниште;

-       Подигање на јавната свест за пријавување на шумски пожари;

-       Спречување на палење на стрништата;

-       Создавање на правила и навики за заштита од шумски пожари при работа во шума кај шумските работници.

 

Напомена: Одговорен за следење на проектот и кампањата како и лице за контакт е Јурант Дика (дипломиран шумарски инженер), вработен во Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.