Информации и мерки за превенција поврзани со вирус COVID-19

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, лицата со нарушен слух, говор и глас, како и психолошка поддршка на албански јазик во период со справувањето со коронавирусот

03.04.2020

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката. * 078/378-766 – Трудниците и родилките на кои им е...

Прочитај повеќе >

Филипче: Одобрен е пристап до Европскиот солидарен фонд – рамноправно со сите европски земји ќе учествуваме во заедничките постапки за набавка на материјали и апарати – Од денеска во функција нова веб страницa

02.04.2020

На денешната редовна прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека отворена е нова веб-страница со цел полесен пристап за граѓаните до сите информации во врска со коронавирусот во земјава. „Од денеска  е во функција веб-страницата „koronavirus.gov.mk“ каде на едно место се собрани сите информации во врска со коронавирусот, совети во однос на заштитата, правилната самоизолација, насоки како да се препознаат симптомите, дневните вести коишто ...

Прочитај повеќе >




Соопштенија

Министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа одржаа видео состанок за влијанието на вирусот КОВИД 19 врз земјоделството Димковски: Регионалната соработка е клучна во справувањето со последиците од глобалната пандемија врз земјоделството

08.04.2020

Денеска министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ ( SWG), одржаа видео состанок, за влијанието на вирусот КОВИД 19, врз земјоделскиот сектор во Западен Балкан, како и за можните заеднички активности во справувањето со последиците. Министрите ја презентираа моменталната состојба во земјоделството во нивните држави,...

Прочитај повеќе >

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

08.04.2020

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:   -Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните акт...

Прочитај повеќе >




Новости

Димковски: Раноградинарите ќе бидат исклучени од забраната за движење во викенд деновите, за останатите земјоделци кои имаат неодложни активности ќе се издаваат дозволи

27.03.2020

Со оглед на новите проширени мерки за ограничување на движење за време на викенд деновите од 16:00 часот до 05:00 часот, што ги донесе Владата за заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, на вчерашната владина седница се допрецизира исклучувањето на дел од земјоделците во однос на забраната за движење. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено кај градинарскит...

Прочитај повеќе >

Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“

10.03.2020

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) министерот Трајан Димковски присуствуваше и имаше свое обраќање на настан, Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“. Настанот е организиран во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Целта на настанот е да се воспостави платформа за дискусија помеѓу пчелари, земјоделски производители на растителни земјоделски ...

Прочитај повеќе >