Заменик министер

 

Перица Ивановски - Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Роден на 29 08 1971 година во Тетово, оженет и татко на две деца.

 

Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1996 на отсекот Деловна економија. Постдипломското образование - м-р по агроекономија, го стекнува на Универзитет Рединг, Обединето Кралство во октомври, 2004 година на тема ,,Политика за поддршка на земјоделството во Република Македонија со акцент на процесот на пристапување кон ЕУ”.

 

Работното искуство го започнува во Текстилниот комбинат Тетекс како комерцијалист во извозно одделение во периодот од септември, 1996- септември, 2002.

 

После стручниот престој во Тајван и работата за Американска хуманитарна агенција  MERCY CORPS во Република Македонија во регионалниот оддел за развој на економски проекти, од октомври 2002 до октомври 2007 година се вработува како локален експерт за анализа на земјоделска политика на проектите за “Институционално зајакнување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)„ и на “Проектот за структурни и правни реформи на МЗШВ„ финасирани од страна на CARDS средствата на ЕУ, извршувајќи активности поврзани со планирање и имплементација на позначајните процеси поврзани со прилагодувањето на националните политики, институции и легислативата со европските, особено во делот на:

 

- анализи за дефинирање на преговарачката позиција на Република Македонија и влијанието на либерализација на трговијата со земјоделските производи со ЕУ со директно учество во преговарачкиот процес,

 

- финансиско и стратешко планирање во земјоделството и МЗШВ во периодот 2006-2009 година,

 

- подготовка на финансиските програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој 2006-2009 година,  и

 

- развој и координација на воспоставување на информативни и контролни системи за поддршка на анализата на земјоделска политика (Интегриран админстративен и контролен систем-IACS и Земјоделски информативен систем).

 

Од Април 2008 година е постојано вработен во МЗШВ како државен советник за анализа на земјоделска политика. Во досегашниот период од страна на Владата на РМ е назначен како одговорен за извршување на функциите на Национален координатор за ИПАРД програмата и

 

Претседавач со петтиот подкомитет за земјоделство и рибарство со ЕУ во 2009 година.

 

Како краткорочен консултат има работено на подготовка на анализи на земјоделскиот сектор за потребите на Светска Банка и ЕУ (DG-Argi).

 

Има објавено неколку статии од областа на политиките во земјоделството и евроинтеграциите во списаниja во РМ и регионот од областа на агроекономијата.

 

За заменик министер за земјоделство, шумасртво и водостопанство е назначен на 11.07.2009 година.