СОЗДАВАМЕ УСЛОВИ ЗА ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО



Информации и мерки за превенција поврзани со вирус COVID-19

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, лицата со нарушен слух, говор и глас, како и психолошка поддршка на албански јазик во период со справувањето со коронавирусот

03.04.2020

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката. * 078/378-766 – Трудниците и родилките на кои им е...

Прочитај повеќе >

Филипче: Одобрен е пристап до Европскиот солидарен фонд – рамноправно со сите европски земји ќе учествуваме во заедничките постапки за набавка на материјали и апарати – Од денеска во функција нова веб страницa

02.04.2020

На денешната редовна прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека отворена е нова веб-страница со цел полесен пристап за граѓаните до сите информации во врска со коронавирусот во земјава. „Од денеска  е во функција веб-страницата „koronavirus.gov.mk“ каде на едно место се собрани сите информации во врска со коронавирусот, совети во однос на заштитата, правилната самоизолација, насоки како да се препознаат симптомите, дневните вести коишто ...

Прочитај повеќе >




Соопштенија

Потпишани меморандуми за соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со врвни научни инситуции од неколку универзитети во државава

03.03.2021

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа меморандуми за соработка. На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции. „Дозволете ми денешниот настан да го поздравам со една стара...

Прочитај повеќе >

Денеска во Ресен доделени седум договори преку Ипард програмата за набавка на приклучна земјоделска механизација

01.03.2021

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директороти на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, во Големата сала на Општина Ресен, свечено  доделија седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација. Средствата се обезбедени преку ИПАРД програмата. Вредноста на набавката изнесува 65.000 евра прифатливи трошоци за инвестиции за н...

Прочитај повеќе >




Новости

Министерот Хоџа ќе достави предлог до Владата за измена на Законот за тутун, со цел продолжување на рокот за откуп на тутун

15.02.2021

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.   Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состо...

Прочитај повеќе >

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за првпат потпиша колективен договор

12.02.2021

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска за првпат го потпиша колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во потпушувањето на овој договор учествуваа и претседателот на синдикатот на вработените од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Северна Македонија Пецо Грујовски, претседател...

Прочитај повеќе >