Новости

Николовски: Со изградба на градини во училиштата до едукација на младите за вредноста на производството на храна

16.10.2018

По повод Светскиот ден на храната, денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присусутвуваше на одбележување на овој светски ден во ООУ “Аврам Писевски”. Настанот под мотото "Нашите дејствија се наша иднина, свет Без Глад до 2020 година е возможен”, беше во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ООУ “Аврам Писевски”...

Прочитај повеќе >

Министрите Николовски и Царовска потпишаа Декларација за подобар статус на руралните жени

15.10.2018

По повод денешниот Меѓународен ден на жената од руралната средина, денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со Националната федерацоја на фармери потпишаа Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.  Со оваа декларација потписниците се заоложуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку...

Прочитај повеќе >




Соопштенија

Започнува поднесувањето на барања за добивање на субвенции за трета фаза произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

10.10.2018

Од денеска започнува поднесувањето на барања за добивање на субвенции за трета фаза произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Исто така...

Прочитај повеќе >

Овоштарите ќе добијат субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи

09.10.2018

  Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм. Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во ...

Прочитај повеќе >



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици