|
Јавен оглас - Набавка на лабораториска опрема
дата на објава: 10 Jun 2010ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ Република Македонија Проект за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ ИБРД Заем/4861-МК Набавка на лабораториска опрема МК-АСАП-Ц3-ИЦБ-Г14
Завршна средба на министерот Димовски со тускиот амбасадор Окчал
дата на објава: 10 Jun 2010![]() Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наскоро ќе го потпише протоколот за соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Турција со што и на институционално ниво ќе се интензивира воспоставената соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, неговата екселенција Аслан Хакан Окчал, по повод завршувањето на неговиот мандат.
-Република Турција е голем производител, но и голем пазар со можност за пласман на одредени земјоделски производи кои се за нас стратешки. Република Турција е нашиот искрен пријател и поддржувач и во областа на земјоделството и затоа изразуваме благодарност за досегашната соработка и поддршка, со убедување дека воспоставените односи ќе продолжиме да се развиваат и со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија - рече министерот Димовски.
Јавен оглас бр. 06/10
дата на објава: 9 Jun 2010Ј а в е н О Г Л А С бр. 06/10 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата и тоа во следните региони: Св. Николе, Пробиштип, Валандово, Ресен, М.Брод, Д. Хисар, Куманово и Кичево. Додаток:
Промовирана Мрежата за рурален развој
![]() Подобрувањето на животот во руралните области преку изградба на капацитетите на руралното општество е основната цел на Мрежата за рурален развој на Република Македонија што денеска официјално беше промовирана во Скопје.
- Креирањето на Мрежата за рурален развој има за цел да ги вклучи локалните актери во промоција и јакнење на свеста на населението во руралните заедници во процесот на ефикасно користење на мерките и фондовите од ИПАРД и Националната програма за рурален развој, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во поздравниот говор на промоцијата на Мрежата.
Постапка бр. 26-6319/2/2010
дата на објава: 7 Jun 2010ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ ИЗБОР НА ОВЛАСТЕН СЕРВИСЕР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса: goran.dimoski@mzsv.gov.mk . Додаток: |







