Министерот Димовски се состана со производителите и преработувачите на пченица
дата на објава: 
28 Jun 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со производителите на пченица, членки на земјоделските здруженија и мелничко-пекарските компании, членки на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.

 

Засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи  увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и во откупот на лебното жито, најави министерот Димовски на состанокот со земјоделците и мелничарите.

 

-Проблеми во откупот на пченицата не би требало да има, а откупната цена треба да ја договорат производителите и мелничарите. И оваа година за потребите на државата, Бирото за стокови резерви ќе се вклучи во откупот, но, засега, не се знае колкави ќе бидат тие количини- рече министерот Димовски.

 

СООПШТЕНИЕ
дата на објава: 
28 Jun 2010

Фитосанитарната управа во петок,02.07.2007год, во 11 часот во салата за состаноци во поранешна Македонија Табак ќе одржи јавна расправа за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубрива.

 

Ве покануваме за присуство и активно вклучување во јавната расправа.

 

Сите забелешки предлози и сугестии за овој Предлог Закон можете да ги доставите на е-маил адресата:

 

fikret_a@yahoo.com

Јавен конкурс за изработка на риболовни основи
дата на објава: 
24 Jun 2010

ЈАВЕН КOНКУРС
за изработка на риболовни основи

Предмет на овој јавен конкурс е изработка на риболовни основи за вештачките езера - акумулации:

Стрежево - Битола, Младост - Велес, Слатино - Охрид, Лисиче - Велес, Глобочица - Струга, Матка - Скопје, Липково - Куманово, Глажња - Куманово, Ратево (Беровско Езеро) - Берово, Градче - Кочани, Пишица - Пробиштип, Селимли - Гевгелија, Паљурци - Гевгелија, Пештерица - Прилеп, Беловодица - Прилеп, Мавровица - Св. Николе

МИНИСТЕРОТ ДИМОВСКИ ГИ ПОСЕТИ ПРЕСПАНСКИТЕ СЕЛА ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО
дата на објава: 
21 Jun 2010
Poseta na Resen.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска ги посети преспанските производители на јаболка чии површини во саботата беа погодени од невремето. Според првичните проценки, оштетени се околу 300 хектари јаболкови насади во преспанските села Царев Двор, Горна и Долна Бела Црква, селото Козјак, како и насади со јаболка во селата Дрмени и Сопотско.

 

Министерот Димновски оствари средба со градоначалникот на општина Ресен Михаил Волкановски кој на заедничката средба со претставници на Сојузот на здруженија ,,Обединети агропроизводители,, од Ресен, информира дека се формирани две општински комиии, кои на лице место ќе извршат процека на штетите на површините погодени од невремето.

 

ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА АДМИНИСТРАТИВЕН ОБЈЕКТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
дата на објава: 
20 Jun 2010
kamen temelnik.jpg

Премиерот Никола Груевски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го поставија камен-темелникот на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што во наредните 17 месеци ќе се гради на постојната локација на Министерството во Градскиот парк во Скопје.

 

Новиот објект ќе биде со основа од 1.800 метри квадратни и вкупна површина од 5.900 метри квадратни распределена во приземје и три ката. За негова реализација се обезбедени 4,5 милиони евра обезбедени од Владата на Република Македонија и Светска банка преку Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ.

 

Syndicate content