ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи
Дата на објава: 
7 Јули 2017

Врз основа на член 60-б од Законот за сточарството (Службен весник на Р.М. бр 07/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година (Службен весник на Р.М. бр 192/16) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи oд подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2017 година

 

На јавниот конкурс може да се јават овластени субјекти за спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2017 година.

 

Деталите од ЈАВНИОТ КОНКУРС се во додатокот за преземање.

Додаток за превземање: 

Почна аплицирањето за субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2017 година
Дата на објава: 
6 Јули 2017
2017-07-06 10.47.09.jpg

Од денеска земјоделците ќе можат да аплицираат за субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2017 година. Во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој создадени се услови за да отпочне процесот за апликација за директна финансиска поддршка за 2017 година. Рокот за поднесувања на барањата за директни плаќања за 2017 година ќе трае до 15 септември годинава. Земјоделците можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е-Барање кое е поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 


Работилница за консолидација на земјиште за партнерите на ЕУ проектот ‘MAINLAND’, спроведуван од ФАО во партнерство со МЗШВ
Дата на објава: 
4 Јули 2017
DSC_1341.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше на работилницата во рамки на проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), во соработка со МЗШВ.

 

На настанот се обратија и Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија и г. Максим Горган, Специјалист за земјишни политики и рурален развој од ФАО.

 


Производство на органска храна ќе биде стратешка цел на новата Влада
Дата на објава: 
3 Јули 2017
sonja 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, учествуваше на тркалезната  „Развојни трендови во земјоделскиот сектор во ЦЕФТА-регионот, основа за поголема конкурентност на пазарот на Европската унија“, организирана од Стопанската комора на Македонија.


Задругарството ќе биде дел од приоритетите на кои новата реформска Влада ќе стави акцент
Дата на објава: 
1 Јули 2017
19477744_1997165713838291_1082080942211908996_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска по повод Меѓународниот ден на задругите денеска присуствуваше на конференцијата под мотото „Задругите осигураат дека никој не е изоставен“, организирана од Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Целта на конференцијата  беше да се слушнат ставовите на претставниците на земјоделските задруги, со кои проблеми се соочуваат и какви предлози имаат за решавање на истите. Од средбата произлезе дека изминативе 11 години, има многу напластени проблеми, за кои задругарите побараа решенија. Министерот Николовски нагласи дека се анализираат детално сосотојбите и ќе се понудат соодветни решенија, се со цел да развие задругарството во Македонија, како клучен фактор за земјоделците да можат полесно да реализираат крупни инвестиции  но и за поголема конкурентност и  сигурен пласман на македонските производи на домашните и странските пазари.

 


Syndicate content