РЕАКЦИЈА
дата на објава: 
19 Jul 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, остро реагира на денешното соопштение на една од опозициските политички партии, дадено по денешното означување на почетокот на полнењето на браната ,,Кнежево,, од хидосистемот ,,Злетовица,,.

Иако изградбата на пречистителните станици е обврска на локалната самоуправа, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, ќе вложат максимални напори да им помогнат на општините во нивната изградба, со што во целосна функција на граѓаните ќе се стави грандиозниот проект на Владата за изградба на ХС ,,Злетовица,,.

Повеќе од очигледно е дека преку оваа писмена реакција, уште еднаш се истакнува жалењето за загубената провизија од десеттина милиони евра кои на криминален начин ќе завршеа во приватни џебови, доколку проектот за изградба на ХС ,,Злетовица,, беше доделен на странска фирма за сума од 36 милиони евра.

Министерот Димовски присуствуваше на почетокот на полнењето на акумулацијата Кнежево од хидросистемот „Злетовица“
дата на објава: 
19 Jul 2010
Zletovica.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на почетокот на официјалното полнење на акумулационото езеро од хидросистемот ,,Злетовица,, во локалитетот Кнежево. Министерот Димовски истакна дека со полнењето на акумулацијата е завршена првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, повеќенаменски систем финансиран од страна на Владата на Република Македонија.

 

-Изградена е акумулација, придружни објекти, водозафати и цевковод и SKADA-систем објекти предвидени со првата фаза. Средствата за реализација од првата фаза на ХС „Злетовица“ се обезбедени од кредит од Јапонската банка за меѓународна соработка во износ од 70 милиони евра по што следуваа и изградбата на браната со придружните објекти. Браната е висока 75 метри, долга околу 3,8 километри, со можност за акумулирање на 23,5 милиони метри кубни вода- рече министерот Димовски.

 

Министерот Димовски ги презентира новите мерки на Владата за заштита на домашниот пазар со пченица и брашно
дата на објава: 
16 Jul 2010
Pres pcenica 040.jpg

,,По неколкуте состаноци и консултации со претставници на мелничко-пекарската индустрија и земјоделците, Министерството за земјоделство и предложи, а Владата ги прифати конкретните мерки за стабилизирање на домашниот пазар со пченица.Со овие мерки ќе се создадат на услови за навремен почеток и квалитетeн откуп на пченицата од новата реколта,,. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната прес конференција посветена на последните мерки на Владата за заштита на домашниот пазар со пченица и брашно.

 

Министерот Димовски се сретна со Здружението на млади агрономи од Струмица
дата на објава: 
15 Jul 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска се сретна со Здружението на млади агрономи од Струмица кое како правно лице ќе се занимава со производство на расад за градинарство и за цвеќарство, како и давање на советодавна услуга на земјоделците директно на терен.

 

Јавна расправа за предлог-правилник за биодиверзитет
дата на објава: 
14 Jul 2010
Javna Rasprava 006.jpg

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска организираше јавна расправа за предлог -правилникот за заштита (конзервација) зачувување, на биолошката разновидност на анималните генетски ресурси кај домашните животни.Со овој правилник се регулира начинот на одгледување и прометот на автохтоните раси или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси или линии, за признавање на  традиционални раси, како и за содржината и начинот на водење на регистарот на автохтони раси или линии. Со овој правилник се регулира начинот на мониторинг на биолошката разновидност во сточарството и анализирање на состојбата на биолошката разновидност во сточарството.

Syndicate content