За пет дена јавно отворање на понудите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари
Дата на објава: 
6 Септември 2017

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство соопштува дека огласот за прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари заврши на 05.09.2017 (вторник). Јавното отворање на пристигантите понуди ќе биде на 11.09.2017 (понеделник).

Во интерес на транспарентноста, да не се наруши доверливоста на понудите, но и во очекување на понудите кои треба да пристигнат по пошта, засега не може да се изнесат официјални податоци за бројот на пристигнати понуди.

Предмет на овој оглас се земјоделски површини кои се наоѓаат во катастарските општини на територијата на Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп, во вкупна површина од 866 ха 75ар 56м2 Намената на земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е за:

 

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,


Откриени насади со тутун „Вирџинија“ забранети за производство
Дата на објава: 
3 Септември 2017

СВР Битола и Државниот инпекторат за земјоделство во координација со  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 01 и 02.09.2017 година,  презедоа  заедничка акција за пронаоѓање на насади и обработка на тутун од типот „Вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат.

Врз основа на добиени наредби за претрес од Основниот суд Битола, извршени се претреси кај пет физички лица и кај едно правно лице во село Могила и притоа се пронајдени и одземени вкупно 24 826 кг. тутун тип „Вирџинија“.  Исто така се пронајдени и шест ниви со насади на тутун од типот „Вирџинија“


Исплатени 110 милиони денари за субвенции за земјоделство
Дата на објава: 
1 Август 2017

 

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој исплати 110 милиони денари или близу 1,8 милиони евра за субвенции за земјоделците и преработувачките капацитети. Од нив, 39,8 милиони денари (650.000 евра) се исплатени за субвенци за винарските визби по основ на откупено грозје. В.д директорот на Агенцијата Никола Бабовски посочи дека се исплатени субвенции за вкупно 13 винарници, а две се избришани од регистарот и тие од законски причини нема да добијат субвенции за реколтата 2015/2016 година.

„Средствата беа ветени како поддршка за да може годинашниот откуп на грозјето да се заврши без никакви проблеми. Ова се субвенции кои винарските визби ги добиваат за реколтата 2015/2016 година за сортите „вранец“ и „смедеревка““,изјави на денешната прес конференција Бабовски.


МЗШВ плати 207 илјади евра заостанат долг за одблокирање на Проектот Јужновардарска долина
Дата на објава: 
1 Септември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска плати 207.000 евра, заостанат долг за консултантски услуги за проектот „Програма за наводнување Јужно-вардарска долина“ - втора фаза. На овој начин, ја откочуваме реализацијата на проектот, која беше блокирана, поради тоа што претходната Влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години.

Со подмирувањето на долгот овозможивме меѓународниот консултант на  проектот да продолжи со работа, а со тоа и да се продолжат активностите за изградба на системите за наводнување во Валандовскиот регион. Ова е една од повеќето активности преземени за подобрување и унапредување на соработката со германската кредитна банка за обнова „KfW“.


662 лица конкурираа за мерката Млад земјоделец
Дата на објава: 
31 Август 2017

Заврши рокот за аплицирање за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица. Во моментов се врши евалуација на пристигнатите апликации, со цел да се утврди подобноста на апликантите, односно дали ги исполнуваат пропишаните услови во огласот. До почетокот на октомври се очекува да заврши евалуацијата.

Потоа на апликантите кои ги исполниле условите, АФПЗРР ќе им издаде  решение, по што следува склучување на договор за финансиска поддршка. Оние апликанти кои не исполниле пропишаните услови, ќе добијат решение дека се  одбиени со образложение на причините.

Апликантите кои ќе бидат корисници на мерката, откако ќе го склучат договорот треба да започнат со извршување на инвестициите согласно нивниот деловен план. Потоа АФПЗРР ќе врши редовни контроли, колку реализираното на терен е во согласно со понудениот бизнис план од страна на апликантот.


Syndicate content