дата на објава:
21 Jul 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, неговата екселенција, господин Јурии Хончарук.
За стабилизирање на македонскиот пазар со вино и испитување на можноста за извоз на поголеми количини на украинскиот пазар, министерот Димовски и украинскиот амбасадор Хончарук, се договорија со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во октомври да се одржи промоција и дегустација на македоснките вина во Украина.
-Укарина е заинтересирана и за увоз на праски, кајсии, јаболка, раноградинарски производи и млечни преработки – рече министерот Димовски, но, додаде тој, мора да направиме напор, место преку посредници, македонските земјоделски производи директно да ги извезуваме на овој голем пазар.