Во 2008, реализирани 12 проекти за органско производство
Дата на објава: 
3 Декември 2009

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска изврши промоција на 12 проекти од областа на органското производство кои се реализираа во 2008 година со финансиска поддршка од Министерството. За нив од буџетот се издвоени околу четири милиони денари.


Jавна расправа по ,,Нацрт стратегијата за лозарство и винарство,,
Дата на објава: 
2 Декември 2009
FOTKA ZA VINO ZA VEB.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на отворањето на јавната расправа по ,,Нацрт стратегијата за лозарство и винарство,,истакна дека лозарството е најважна стратешка индустрија во Република Македонија од областа на растителното производство и заедно со производството на вино во земјоделскиот бруто домашен производ учествува со 17 до 20 отсто. Виното е македонскиот лидер во извозот на пијалоци, а веднаш по тутунот, вредносно најважен производ кој го пласираме на странските пазари.


Соопштение
Дата на објава: 
2 Декември 2009

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре,  четврток, 3.12.2009 година, во 10 часот   во зградата на  ,,Македонија табак,, на 2 кат, ќе изврши презентација на  реализираните проекти за органско земјоделско производство, финансирани од  Програмата  за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година.

 

Од 10,15 часот, до 15,30 часот, ќе бидат промовирани проектите кои се однесуваат на:

 

1. ,,Истражување на каналите за набавка и стратешките култури на органски производи како и идентификување на слабите точки во вертикалната интеграција на сите учесници”

2. ,,Овчеполски еко-чифлик”

3. ,,Пилот проект за органско производство на слива,,

4. ,,Воспоставување на органско село Петралица”

5. ,,Органско одгледување на кози”

6. ,,Едукација за органско производство”

7. ,,Органско село, с. Манастирско Доленци”

8. ,,Ден на органското производство,,

9. “Изработка и издавање на Водич за органско производство на соја“

10. ,,Обука на земјоделски производители за органско растително производство,,


ИПАРД Комора
Дата на објава: 
2 Декември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, продолжува со кампањата за претставување на ИПАРД програмата.

 

Утре четврток, 3.12.2009 година, во 13 часот,  во Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи состанок со Групацијата на преработувачи на месо.

 

Во Делчево и Берово, Телото за управување ИПАРД ќе одржи информативен ден за заинтересираните земјоделци и компании од агросекторот .

 

Во Делчево, претставувањето на ИПАРД програмата ќе се одржи во  Спомен домот на АСНОМ со почеток во 10 часот, а во Берово во 14 часот во просториите на општината.

 

ИПАРД инфо деновите продожуваат  во петок, 4.12.2009 година, во Арачиново и во Чучер Сандево.


Соопштение
Дата на објава: 
1 Декември 2009

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре среда, 2 декември 2009 година, со почеток во 10:30 часот, во Хотел Континентал, ќе ја презентира „Нацрт-стратегијата за лозарство и винарство во Р. Македонија“.


Syndicate content