Пчеларите задоволни од состанокот во Министреството за земјоделство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010
Sostanok so pcelarite 021.jpg

Зголемен број на пчелни семејства, но и на лица кои се занимаваат со пчеларство како примарна и како дополнителна дејност. Ова е резултат на правилно насочените субвенции за поддршка на овој вид сточарско производство,беше кажано на денешниот работен состанок во министерството со претставниците на пчеларските здруженија.Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, информира дека минатата година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, на пчеларите им биле исплатени повеќе од 76, 4 милиони денари, наспроти 54 милиони денари во 2008 година.


Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство даде зелено светло за второ читање на Предлог законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи. Членовите на Комисијата расправаа и по амандманите поднесени по предлог-законите за ветеринарно-медицински препарати, како и за именување и дополнување на Законот за пасишта во второ читање.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
2 Февруари 2010

Перица Иваноски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, среда , 3.02. 2010 година, во Министерството за земјоделство ќе одржи работен состанок со претставници на пчеларските здруженија.

Тема на состанокот  ќе биде актуеланите состојби во пчеларството.

Изјава за медиумите во 11,30 часот.

Покануваме  новинари, сниматели и фоторепортери.


Презентиран Предлог законот за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
2 Февруари 2010

Уредување на пазарите со земјоделски производи, обезбедување стабилност на доходот на земјоделските производители, зачувување на конкурентските услови, пропишување услови за откуп и увоз, воведување задолжителни откупни договори и потсекторска соработка, како и мерки за поттикнување на потрошувачката и за заштита на пазарот, се дел од одредбите содржани во новиот закон за земјоделство и рурален развој што го изготви Владатаa, кој е веќе во собраниска процедура.


Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евра
Дата на објава: 
1 Февруари 2010

За инвестиции во руралниот развој, годинава од Буџетот, со Програмата за финансика поддршка на рурален развој  ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од 2009 година. На прес-конференцијата која  се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Маргарита Делева, државен советник за рурален развој информира дека огласот за распределба на парите од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на наредниот месец.

 


Syndicate content