Димовски и Рикер договорија продлабочување на соработката на РМ и САД во областа на земјоделството
Дата на објава: 
15 Октомври 2009
Riker Dimovski.JPG

Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и САД и  во делот на земјоделството, но и нејзино зајакнување - договорија денеска на првата официјална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и американскиот амбасадор Филип Рикер.


Поддршка од 12 милиони денари за доматите предадени во преработувачките капацитети
Дата на објава: 
14 Октомври 2009

Со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството се воведува нова финансиска мерка за производителите на домати. Станува збор за поддршка за произведени и продадени домати во преработувачки капацитети за производство на доматно пире.

 

За оваа мерка се предвидени се вкупно 12 милиони денари или по 3 денари за килограм предаден домат.

 

Пријавувањето за оваа мерка трае до 5 ноември и се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство. Критериумот е произведени и предадени домати во преработувачки капацитети за производство на доматно пире во период од 1. до 31.10.2009 година.


Јавeн ОГЛАС бр.11/09
Дата на објава: 
14 Октомври 2009

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (Службен весник на РМ бр. 135/07), по Одлуката бр.22-12815/1 од 14.10.2009 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 11/09

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 ха

 

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата и тоа во следните региони: Прилеп, Охрид и Кичево.

 

Огласот е во додаток документ.

Додаток за превземање: 

Расте интересот кај земјоделците за осигурување
Дата на објава: 
13 Октомври 2009

Интересот кај земјоделците за осигурувањето на земјоделското производство од временски непогоди се зголемува.  Ова се должи на мерката која Владата ја спроведе годинава за покривање на 60 % од осигурителната полиса, која за разлика од лани е двојно поголема.


Регионалната соработка- клуч за развој и на руралните региони
Дата на објава: 
11 Октомври 2009

Интензивирање на соработката во делот на руралниот развој, алтернативниот  туризам, трговијата со земјоделско-прехранбени производи, поттикнување на поголема размена на податоци, знаења, искуства и информации во насока на хармонизацијата на  националните законодавства со законодавството на Европската унија и приблиѓувањето кон неа. Ова го договорија членките на Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој на земјите од Југоисточна Европа, на Форумот за  земјоделска политика за земјите од ЈИЕ, кој од  8 до 10 октомври се одржa во Босна и Херцеговина.


Syndicate content