Соопштение
Министерот Димовски учествуваше на промоцијата на македонски вина на саeмот за земјоделство АГРА 2010 во Горна Радгона
дата на објава: 
22 Aug 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на неколку винарски визби од Репулика Македонија, денеска, во рамки на меѓународната саемска манифестација АГРА 2010, која  се одржува во Горна Радгона, Република Словенија, го промовираа македонското вино. На дегустацијата која се одржа во Винскиот храм во ,,Помурски саем,, а на која присуствуваа голем број посетители, министерот Димовски истакна дека Македонија е земја  со вековна традиција  во одгледувањето на виновата лоза и прозиводството на вино.
- Сместена во срцето на Балканот, сончевата и планинска Македонија има одлични услови за производство на квалитетно грозје од кое се произведува врвно вино. Овошната арома на црвените вина и свежите хармонични бели вина, се резултат на различната надморска височина каде се простираат виновите плантажи - рече министерот Димовски на промоцијата.

Министерот Димовски се сретна со словенечкиот министер за земјоделство и храна Дејан Жидан
дата на објава: 
20 Aug 2010

Претставување на можноста и условите за инвестирање во македонскиот агробизнис сектор, особено во проектот за изградба на 14 откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи, како и интензивирање и проширување на соработката која ќе биде од заеднички интерес за македонските и словенечките стопанственици. Давање силна поддршка и конкретна помош за решавање на проблемите во аграрот. Ова се дел од заклучоците од билатералнатa средба на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот колега, словенечкиот министер за земјоделство храна Дејан Жидан, што се одржа во Горна Радгона Република Словенија, во рамки на  48 Меѓународен саем  за земјоделство АГРА 2010.

 

- Досегашната меѓудржавна соработка е на одлично ниво, исто како и институционалната поддршка на ресорните министерства. Словенија е голем поддржувач на нашата земја, особено во делот на забрзаното прилагодување  и исполнување на европските стандарди, пред се во делот на законодавството, акредитацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и во органското производство каде бележиме значајни резултати во развојот - рече министерот Димовски.

Соопштение
дата на објава: 
20 Aug 2010

Стапи во сила Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистар на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и формата и содржината на образецот на изводот од регистарот.

 

Со стапување во сила на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистар на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на пријавата за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и формата и содржината на образецот на изводот од регистарот, субјектите кои се занимаваат со дејност аквакултура за непречено вршење на дејноста и пласман риба на пазарот потребно е да се запишат во регистарот на одгледувачи на риби.

 

Млекопроизводителите меѓу првите земјоделци што ќе добијат субвенции за годинава.
дата на објава: 
17 Aug 2010

По тутунопроизводителите кои први ги добија 23- милиони евра од субвенциите од годинешната Програма за финансирање на земјоделството, сега на ред се млеко производителите.

 

Од програмата за финансиска поддршка за 2010 година, сточарите кои млекото го  предале  во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло во период од септември 2009 до септември 2010 година ќе добијат по 2,5 денари за литар млеко.

 

Во моментов се исплаќа млекото од првиот рок на пријавување, односно за поднесените барања од 15 февруари до 15 март за млеко предадено во последниот квартал од изминатата година.

 

Сточарите кои поднесоа барање во првиот рок веќе ги добиваат субвенциите на нивните сметки. Од планираните 74 милиони денари исплатени се околу 50 милиони денари,а останатите средства ќе бидат исплатувани во континуитет и во најкус можен рок.

 

Syndicate content