Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД програмата е највисок приоритет на Владата на Република Македонија
IMG_7656.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на конференцијата за официјалното завршување на твининг проектот "Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, проект кој што е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија.

На конференцијата беа презентирани резултатите од твининг проектот и понатамошните чекори.


Николовски: Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во функција на земјоделците
Дата на објава: 
9 Октомври 2017
slika1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Битола оствари средба со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ),  Зоран Стојчевски и со вработените во АПРЗ. На средбата беа лоцирани моменталните слабости на Агенцијата, и при тоа се дефинираа следните чекори за јакнење на оваа важна институција за земјоделците.

Министерот Николовски истакна дека капацитетите на АПРЗ ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство, согласно надлежностите на АПРЗ, а тоа се информирање,едукација и целосна соработка со земјоделците.

 


Николовски во посета на инспекторските служби на АХВ и на Фитосанитарна управа на граничниот премин Деве Баир
Дата на објава: 
5 Октомври 2017
22281347_10156178087565628_1151105918_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и директорот на државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, го посетија  граничниот премин Деве Баир, каде што свои инспекторски служби имаат  Фитосанитарната управа и  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Станува збор за важни субјекти на овие институции кои работат во областа на контрола на пратките од растително и животинско потекло, што влегуваат во земјава.

Од посетата на терминалот, беше воочено дека изминатите години не се вложувало во службите на Фитосанитарната управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, на граничниот премин Деве Баир, а инспекторите  работат во исклучително лоши услови, без елементарни услови за работа  и за контрола на пратките од увоз.


Кривични пријави за 24 лица за злоупотреби на земјоделски субвенции
Дата на објава: 
5 Октомври 2017

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со Одделението за организиран криминал и корупција при Основно Јавно Обвинителство денеска  поднесе кривична пријава против 24 лица и тоа: М.Б. (45) од Скопје, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште  во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште - Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М.В. (37) од Гевгелија, соработник  за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија, П.К. (63) од Гевгелија, виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на Министерството во во П.Е Гевгелија, Ј.С.


МЗШВ: Ниту една институција во Крива Паланка нема да остане без дрва за огрев
Дата на објава: 
5 Октомври 2017

Во врска со обвинувањата од страна на актуелниот градоначалник на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, упатени кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ве известуваме дека МЗШВ нема ингеренции да дава наредби поврзани со снабдување со огревно дрво, ниту пак да влијае врз тендери за снабдување со огревно дрво.


Syndicate content