Средба на министерот Николовски со синдикатот на УПОЗ
Дата на објава: 
20 Јуни 2017
foto (2).jpg

Да се почне постапката за дефинирање и потпишување  на Колективниот договор за вработените во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Пеце Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), кој минатата година беше доставен од Синдикатот на УПОЗ до МЗШВ.

На средбата беше договорено во најбрз рок да се формира работна група во која ќе учествуваат претставници од МЗШВ и Синдикатот на УПОЗ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии за да се разгледаат барањето на шумските полицајци.


Министерот Николовски на состанок со откупувачите на пченица, членки на стопанските комори
Дата на објава: 
17 Јуни 2017
foto.JPG

Претставници на откупувачите на пченица, членки на стопанските комори денеска во Министерството за земјоделство имаат средба со министерот Љупчо Николовски на која разговараа за откупната цена на пченицата.

- По средбата со земјоделците на која ги скениравме состојбите и ги слушнавме нивните мислења и ставови, денеска ќе се сретнеме и со откупувачите на пченица со цел да ги направиме сите потребни анализи и да бидеме подготвени за евентуални одлуки коишто треба да се донесат, изјави министерот Николовски пред средбата со мелничарите.

Тој при тоа оцени дека одлуката на претходната влада да продаде пченица од стоковите резерви во пресрет на жетвата е погрешна и ќе има негативно влијание на пазарната цена на пченицата.


Министерот Николовски го посети скопскиот регион кој беше погоден од невремето
Дата на објава: 
15 Јуни 2017
s.jpg

По силното невреме што вчера го зафати скопско- кумановскиот регион, веднаш, утрово побаравме официајална информација од Управата за хидрометеоролошки работи врз основа на која ќе ја почнеме постапката за формирање на комисии за увид на состојбата и за проценка на штети врз земјоделските капацитети.

Денеска исто така дадов и налог, вработените од подрачните единици на министерството, да излезат на терен и до утре да достават  првичен увид за настанатите штети.

Како и во претходниот случај со невремето во тетовско, министерството за земјоделство во најкус можен рок ќе поднесе информација до Владата која  ќе донесе одлука за натамошна постапка за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарната непогода.

Доколку обештетувањето ќе биде според законот за земјоделство, земјоделците навремено ќе бидат информирани и за роковите за поднесување на барањата за проценка до најблиската подрачна единици на министерството.


Средба на министерот Николовски со гранскиот независен синдикат на полицијата
Дата на објава: 
13 Јуни 2017
image-0-02-04-241.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, на нивно барање, имаше средба со претставници на Гранскиот Независен Синдикат на полицијата. На состанокот се говореше за доставениот Предлог Колективен договор за шумска полиција и администрација, за шумска полиција на Република Македонија.

 

Синдикалците побараа почеток на сериозни преговори за брзо усвојување и потпишување на ваков документ, кој, според нив, недостасува 19 години. Беше искажано незадоволство од актуелната состојба во шумската полиција, како кога се во прашање основните права и услови за работа, така и кога станува збор за нивната безбедност.

 

- Личното и формациското оружје со кое ракуваме е застарено и 60% нефункционално. Затоа имаме сериозна потреба од ваков подзаконски акт, со кој ќе се намалат штетите и за Буџетот, односно ќе го намалиме одлевањето на парични средства од МЗШВ, поради трошоците за загубени судски процеси, - рекоа шумските полицајци.

 


Николовски и Жбогар договорија соработка за развој на земјоделството
Дата на објава: 
12 Јуни 2017
IMG_8538.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски попладнево имаше работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

 

Николовски изрази задоволство од посетата на високиот гостин, особено поради тоа што Македонија има голема поддршка од ЕУ, што очекува да биде случај и во иднина, како на политички план за државата во целина, така и кога е во прашање македонското земјоделство.

 

-Ќе работиме за иднината на граѓаните и веруваме дека ќе имаме успех, секако со очекуваната поддршка од Ваша страна, - рече Николовски.

 

Амасадорот на ЕУ му го честиташе на Николовски изборот за министер за земјоделство во новата Влада на Република Македонија и изрази задоволство од видениот ентузијазам во државата, како и од оптимизмот кој, како што рече, е присутен во Брисел околу иднината на Македонија.

 


Syndicate content