Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес
Дата на објава: 
17 Ноември 2017
jahorina3.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина, имаше свое обраќање пред министерите за земјоделство од ЈИЕ.

Министерскиот состанок е во организација на Владата на Босна и Херцеговина како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министерот Николовски истакна дека  овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор помеѓу земјите од Западен Балкан, како и политиките за забрзување на процесот на приближување на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа кон Европската унија.


Завршна работилница на проект на ФАО
Дата на објава: 
17 Ноември 2017
PB170071.JPG

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа завршна работилница на проектот за „Техничка помош за користење на дрвната енергија за подобрување на одржливиот економски рурален развој и исполнување на целите за обновливи извори на енергија на Западен Балкан до 2020“, кој е поддржан од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Овој проект е во согласност со Стратешката Рамка на ФАО, која придонесува кон тоа да се направи земјоделството, шумарството и рибарството да бидат попродуктивни и поодржливи.

Исто така Проектот е во согласност со Милениумските Развојни Цели (МДГ), а влијанијата од проектот се однесуваат на Обезбедување одржливост на животната средина.


Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство
Дата на објава: 
16 Ноември 2017

На вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки кои се од исклучително значење за секторот земјоделство, односно во интерес на земјоделците.

Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денари за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите.

За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000  по хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција.


Министерот Николовски од утре во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ
Дата на објава: 
15 Ноември 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од утре во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина,  ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Годинава состанокот е во oрганизација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

 

Министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.

 

Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.

 


Средба на министерот Николовски со словенечкиот министер Жидан и директорот на словенечката Платежнаta агенција Јаренко
Дата на објава: 
13 Ноември 2017
23583895_10156297383515628_1470744197_o.jpg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, во рамки на посетата на владината делегација предводена од премиерот на Владата на РМ Зоран Заев, во Љубљана, Р. Словенија, имаа средба со  словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан и директорот на словенечката Платежна агенција Бенедикт Јаренко.

На средбата министрите и директорите разговараа за моменталните проекти и активности кои се од голема важност за македонското земјоделство, како што е ЛИДЕР Програмата, формирањето на Локалните акциски групи, како и јакнење на капацитетите на македонската Платежна агенција.

На средбата министерот Жидан и директорот Јаренко, ја повторија нивната заложба за експертска и техничка помош во делот на зајакнување на советодавната служба на македонската Платежна агенција.


Syndicate content