МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември
Дата на објава: 
20 Септември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше Комисии за увид на настанатите штетите во регионите кои на 11-ти септември годинава беа зафатени од временски непогоди (пороен дожд, електрични пранења, силен ветер и град).

Согласно извештајот од УХМР и теренскиот увид од страна на Подрачните единици при МЗШВ,  утврдено е дека се причинети  штети врз земјоделски култури во регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази баба.

МЗШВ ги информира сите земјоделски стопанства од овие региони кои претрпеле штети, во периодот од 20.09.2017 до 05.10.2017 да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во Подрачните единици на МЗШВ во погоре посочените региони.

 


МЗШВ: Два милиони денари за реновирање на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка
Дата на објава: 
19 Септември 2017
21558702_2036840666537462_4552385194239107780_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше на работилницата во рамки на проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени“, поддржан од Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации (ФАО).

Како конкретни чекори во справување со негативното влијание на климатските промени врз земјоделството, министерот Николовски ги наведе: Дефинирање на мерките за прилагодување кон климатските промени и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на Министерството и воспоставување на соодветен институционален капацитет во Министерството и негово зајакнување преку серија обуки со што би се овозможило  креирање и ефикасно спроведување на политиките за прилагодување кон климатските промени.


Исплатени 125 милиони денари за субвенции, продолжува поддршката за земјоделците
Дата на објава: 
18 Септември 2017

Околу 125 милиони денари се исплатија во текот на минатата недела за субвенции за земјоделство. Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се за субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал,  35 милиони  денари за субвенција за литар предадено млеко, над 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. Остатокот од исплатените субвенции се за различни земјоделски сектори. Во моментов се обработуваат решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година, по што наскоро ќе следува исплата. Од 1 јуни до сега се исплатени над 60 милиони евра за субвенции, кои легнаа директно на сметките на околу 50 илјади земјоделци.


МЗШВ: Лага е дека незаконски се врши пренамена на земјоделско земјиште
Дата на објава: 
17 Септември 2017

Лажни и невистинити се објавите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  незаконски и нелегално врши пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Нивната цел е јасна- манипулирање и сервисирање на лажни информации на јавноста и оцрнување на новата Владата.

Најодговорно тврдиме дека МЗШВ работи согласно законските одредби и во таа насока го изнесуваме следното :

 

Согласно член 49-а став 3 од Законот за земјоделското земјиште Владата на Република Македонија на предлог на МЗШВ  донесува одлука за давање согласност за трајна пренамена на земјоделското во градежно земјиште. При тоа, во Законот за земјоделско земјиште, нема пропишани одредби со кои е предвидено да се одбие барање за трајна пренамена на земјоделско земјиште, туку секој кој ќе ја достави потребната документација,  МЗШВ е должно да ја достави предлог одлуката до Влада на РМ.

 

Потенцираме дека целокупната  документација за МХЕЦ Тополка со реф.бр.317 е добиена во времето на претходната Влада.

 


100 дена Влада: Љупчо Николовски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
16 Септември 2017
21682443_10213604414978327_1271863803_o.jpg

Почитувани земјоделци,Почитувани граѓани

 

Поминаа 100 дена од моето доаѓање на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Зборот е збор – ветивме транспарентност и отчетност, достоинствено место на земјоделците во нашето општество.

Во овие изминати три месеци презедовме низа мерки, понудивме решенија и измени на закони – секој наш чекор беше исклучиво во интерес на земјоделците, затоа што развојот на земјоделството е еден од клучните приоритети на Владата.

Иако дојдовме во еден турбулентен период кога земјоделските активности се во полн ек, и се соочивме со опструкции од претходната власт, тоа за нас како нова Влада беше предизвик и поттик веднаш да се насочиме кон решавање на секој проблем и преземање на соодветни мерки.

Во изминатите 100 дена:


Syndicate content