Дата на објава:
9 Мај 2013До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава.
Како што најави денеска министерот Љупчо Димовски, ќе се чисти и коритото на реката Црна, вкупно 25 километри во Битолско, за што е надлежна Дирекцијата за заштита и спасување.
Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите.
- Во периодот што следи, веднаш по смирувањето на хидролошката ситуација, почнуваме со интезивно чистење на предвидените каналски правци. Планираните 104 километри се реално изводливи и цениме дека ќе ги завршиме до крајот на септември или почетокот на октомври, изјави министерот Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.
Лани, рече, беа исчистени 72 километра каналска мрежа, а во изминатите 6-7 години околу 400 километри.