Министрество за земјоделство, шумарство и водостопанство
Управа за семе и саден материјал
Директор: Љутви Акики
е-маил: [email protected]
Тел: 071 363 094
УССМ организациски ја сочинуваат 2 (два) сектори:
- Сектор за производство, сертификација, контрола и пост контрола на семенски и саден материјал има две одделенија:
- Одделение за регистрација и евиденција на снабдувачи
- Одделение за производство, сертификација на семенски и саден материјал контрола и пост контрола на семенски посеви и насади
- Сектор за признавање, одобрување и заштита на сорти има три одделенија:
- Одделение за признавање, одобрување и трговија на семенски и саден материјал
- Одделение за селекционерски права за семенски и саден материјал
- Одделение за национална ген банка и гмо
Управа за семе и саден материјал (УССМ) е орган во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одговорна за креирање на националната политика и законодавство во областа на семенски и саден материјал за земјоделски растенија. УССМ е надлежна за два закона и подзаконски акти кои произлегуваат од нив:
- Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија″ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16 и 83/18) и
- Законот за селекционерски права („Службен весник на Република Македонија бр. 52/09).
УССМ согласно националното законодавство е надлежна да:
- креира и предлага политики од областа на семенскиот и садниот материјал;
- изработува и предлага подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Законот за селекционерски права и нивно усогласување со законодавството на Европската Унија;
- регистрира правни лица за производство, подготовка за пазар, трговија и увоз-извоз на семенски и саден материјал на земјоделски растенија и електронски го води регистарот;
- го организира производството и сертифицикацијата на семенски и саден материјал преку издавање на конечни сертификат и етикет за сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија;
- спроведува постапка за признавање и запишување на сорти во Национална сортна листа и нивно објавување во Службен весник на Република Македонија;
- ја организира постконтрола на семенски материјал кој е пуштен во трговија;
- го организира чувањето и одржувањето на семенски и саден материјал во Ген Банките;
- донесува решение за доделување на селекционерско право по поднесена пријава од страна на селекционер и доставените резултати за сортата;
- спроведува контрола над работата на овластените правни лица и овластените лаборатории во делот на спроведување на активностите за што добиле овластување од страна на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и
- ја застапува Република Македонија пред меѓународните органи и организации од областа на семето и садниот материјал (UPOV, ECPGR).