Дејност на секторот:

Основна задача на Секторот меѓународната соработка е да ја организира, насочува и координира работата во областа на меѓународната  и трговската соработка односно

-       координација на странската помош (мултилатерална и билатерална) во функција на развој на секторите во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и

-       следење на трговската политика и трговската размена на земјоделско -прехранбените производи  и реализирање обврските согласно договорите кои ги регулираат трговските односи на Република Македонија во земјоделско - прехранбениот сектор.

Секторот за меѓународна соработка во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е организиран согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа и внатрешните акти на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Секторот се состои од три одделенија, и тоа:

-          Одделение за соработка со мултилатерални донатори,

-          Одделение за трговска политика, и

-          Одделение за соработка со билатерални донатори.

 Програмски документи врз чија основа функционира секторот:

  • Националната Стратегија за Европска интеграција,
  • ЦДАД донаторски извештаи во рамките на СЕП,
  • Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2007-2013, Националната Програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА),
  • Повеќе - годишната индикативна програма 2008-2010 на Европската Комисија,
  • ИПАРД програмата (2007-2013) и

останатите националните стратешки документи на МЗШВ и Владата на Република Македонија при што се обезбедува не - преклопување и единственост на активностите, преку  инволвирање на сите засегнати страни во процесот на преструктуирање на земјоделството и руралниот сектор.

Цели и приоритети на секторот за меѓународна соработка

  • Спроведување на активностите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација
  • Спроведување на меѓународната соработка согласно активностите дефинирани во документот подготвен со техничка помош од ФАО „Приоритетни области за донаторска помош, според кој се идентификувани пет приоритетни области:
    - Програма за рурален развој, 
    - Програма за развивање на конкурентен земјоделски сектор, 
    - Програма за водостопанство, 
    - Програма за шумарство, 
    - Програма за безбедност на храна.
  • координацијата на странска помош (мултилатерални и билатерални донатори) во секторите кои се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно со приоритетите и целите дефинирани во националните стратешки документи на МЗШВ и Владата на Република Македонија.
  • Унапредување на трговската размена на земјоделско - прехранбените производи во меѓународни и регионални рамки односно воспоставување на соодветен систем за Следење на трговската политика и зголемување на приходот од трговската размена на земјоделско - прехранбените производи, следење и реализација на обврските согласно договорите кои ги регулираат трговските односи на РМ во секторот, Договорот ЦЕФТА-2006, ССА меѓу Република Македонија и Европската Унија, соработка со СТО и нотификација на документот за Агрегатните мерки на поддршка во земјоделството за 2009.
  • Спроведување на обврските кои произлегуваат од имплементација на Протоколи/Спогодби за билатерална техничка соработка во областите што се во надлежност на МЗШВ
  • Развивање на Програмски пристап за спроведување и координација на странска помош. Владата во јуни 2009 година, со поддршка на целата донаторска заедница присутна во Република Македонија промовираше нов концепт т.е. Програмски пристап за спроведување и координација на странска помош. Целта на Програмскиот пристап се состои во надминување на ограничувањата на проектниот пристап воспоставувајќи поголема усогласеност на програмите и целите кои треба да се постигнат преку странската помош, како и покохерентна координација на реализацијата на странската помош. Во рамки на Владата Секретаријатот за Европски прашања е координатор на оваа инцијатива, додека Секторот за меѓународна соработка на МЗШВ е носител на активностите во третата (од вкупно петте тематски работни групи) работна група што се однесува на земјоделството и другите сектори во надлежност на МЗШВ. Основна цел на работната група за земјоделство е да се идентификуваат и предложат неколку области во надлежност на МЗШВ во кои Програмскиот пристап би можел ефикасно да се спроведе.

 

Контакт:

Раководител на сектор за меѓународна соработка

Лидија Чадиковска

Адреса: „Јуриј Гагарин“ бр. 15

1000 Скопје

Телефон: ++38923127760; ++38923130286

e-mail: [email protected]


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици